11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

36-годишната Благица Паризова од Штип е еден од петнаесетмината корисници на дневниот центар „Порака” во Штип, каде членуваат лица со интелектуална попреченост над 18 години. Благица е посебна по поезијата која често им ја чита на другарите од центарот, но и по љубовната приказна, која се родила во тогашниот социјален клуб „Порака“.