11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

povikИнститутот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија организираат две тридневни работилници за граѓански организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост во земјава, а кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини користејќи ги онлајн и традиционалните медиуми. Двете работилници што ќе се спроведуваат под мотото „Нека се чуе вашата порака!“ ќе имаат иста цел и дневен ред, а на секоја ќе може да учествуваат по 15 претставници од граѓанските организации што ќе се пријават на повикот. Ги покануваме сите заинтересирани да ги пополнат формуларите за аплицирање (во прилог) и да изберат на која работилница би сакале/би можеле да учествуваат (доколку ви одговараат двата термина, означете ги двата).