ПОЧЕТНА

ЗА НСИОМ

ЧЛЕНКИ

КОНТАКТ

ПОЧЕТНА

1logo civ

1LOGO TELESNI

1LOGO SPORT

1LOGO SLEPI

1logo gluvi

1LOGO PORAKA

1LOGO TRUDOVI

povikИнститутот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија организираат две тридневни работилници за граѓански организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост во земјава, а кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини користејќи ги онлајн и традиционалните медиуми. Двете работилници што ќе се спроведуваат под мотото „Нека се чуе вашата порака!“ ќе имаат иста цел и дневен ред, а на секоја ќе може да учествуваат по 15 претставници од граѓанските организации што ќе се пријават на повикот. Ги покануваме сите заинтересирани да ги пополнат формуларите за аплицирање (во прилог) и да изберат на која работилница би сакале/би можеле да учествуваат (доколку ви одговараат двата термина, означете ги двата).

wordDL              wordDL 
 Повик за аплицирање    Формулар за аплицирање

 

1 2 4

Protecting children from violence and promoting social inclusion of children with disabilities in Western Balkans and Turkey

REPORT

National seminar “Children with disabilities in the Former Yugoslav Republic of Macedonia through the lens of the UN Convention on the Rights of Persons with Disabilities”

February, 24th 2017 | Skopje

More than 80 representatives from organizations of persons with disabilities, governmental institutions, service providers and other stakeholders, including the Minister of Labour and Social Policy, the Ombudsman, high representatives from EU Delegation in Skopje, UNICEF and EDF, gathered in Skopje on 24th February 2017, to participate at the National seminar “Children with disabilities in the Former Yugoslav Republic of Macedonia through the lens of the UN Convention on the Rights of Persons with Disabilities”. The national seminar was organized by the National Council of Disability Organizations of Macedonia (NSIOM) in collaboration with European Disability Forum (EDF) and UNICEF, within the framework of the EU funded and UNICEF co-funded and implemented “Protecting children from violence and promoting social inclusion of children with disabilities in Western Balkans and Turkey” project.

1 2 4

Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција

ИЗВЕШТАЈ

Национален семинар „Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост”

24 февруари 2017 | Скопје

Повеќе од 80 претставници на организации на лица со попреченост, владини институции, обезбедувачи на сервисни служби и други чинители, вклучувајќи го Министерот за труд и социјална политика, Народниот Правобранител, високи претставници на Делегацијата на Европска унија во Македонија, на УНИЦЕФ и на Европскиот форум за попреченост, на 24 февруари 2017 година во Скопје, учествуваа на Национаниот Семинар „Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост“. Националниот семинар беше огранизиран од Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) во соработка со Европскиот форум за попреченост (ЕДФ) и УНИЦЕФ, во рамките на „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ финансиран од ЕУ и ко-финансиран и имплементиран од УНИЦЕФ. 

7Националниот совет на инвалидските организации на Македонија го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, манифестација која во присуство на потпретседателот на Владата на РМ, Никола Поповски, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, претставникот на МТСП, Слободанка Лазова-Здравковска, претставникот на кабинетот на Претседателот на РМ, Флора Љатифи, претставникот на ИППЛГ Катерина Бојарова, Раководителот на Институтот за дефектологија Зора Јачова, претседатели и преку 150 претставници на националните инвалидски организации здружени во Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, се одржа во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје на 3-ти Декември со почеток во 11:00 часот.

Модератор на манифестацијата на одбележување на 3-ти Декември беше раководителот на службата на НСИОМ, Драган Дојчиноски, а сите вработени во службата дадоа свој придонес со несебичното залагање за успешната организација на настанот.

1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 Декември, денеска прими претставници од Националниот совет на инвалидските организации на Република Македонија.

Претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Република Македонија го информираа претседателот Иванов за положбата на лицата со инвалидност, за предизвиците со кои тие се соочуваат, како и за постигнатите резултати во однос на имплементирањето на меѓународните норми и стандарди од Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност, којашто оваа година одбележа 10 години од усвојувањето во Обединетите Нации.