ПОЧЕТНА

ЗА НСИОМ

ЧЛЕНКИ

КОНТАКТ

ПОЧЕТНА

1logo civ

1LOGO TELESNI

1LOGO SPORT

1LOGO SLEPI

1logo gluvi

1LOGO PORAKA

1LOGO TRUDOVI

12MDIТемите што ги засегаат лицата со попреченост најчесто се покриени преку вести, извештаи и социјални стории, поретко преку подолги, аналитички жанрови. Потребен е поголем новинарски ангажман и поголема иницијатива на новинарите во идентификувањето теми поврзани со лицата со попреченост и нивно конзистентно покривање, сè до иницирање реакции од институциите и разрешување на евентуалните проблеми.

Oва е само една од клучните препораки од анализата „Попреченоста во медиумското известување – огледало на општествените перцепции“, во која се претставени првичните наоди од мониторингот на медиумите за застапеноста и за начинот на покривање на лицата со попреченост.

Целосниот извештај од анализата (на македонски и албански јазик) е прикачен во прилог.

Целта анализа е да се утврди застапеноста и начинот на известување на медиумите за лицата со попреченост. Во таа насока беше направен мониторинг на девет медиуми на македонски и на албански јазик: „Слободен печат“, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Тера, СДК.мк, ТВ Алсат-М на албански јазик, ТВ Коха, весникот „Коха“ и Порталб.мк1 во периодот од 1-ви до 30 септември 2019 година. Медиумите беа избрани врз основа на нивната гледаност/слушаност и влијанието што го имаат кај публиката.

Кај телевизиите беа мониторирани централните информативни изданија, додека, пак, кај весниците и кај онлајн медиумите се разгледуваа сите рубрики, освен оние за случувањата надвор од државата, за забава и за спорт. Дополнително, беа направени и 18 длабински интервјуа со претставници на институциите, на граѓанските организации и на медиумите, со цел да се истражат ставовите, искуствата и постојните практики на соработка меѓу различните актери, да се дадат предлози за унапредување на механизмите на соработка меѓу нив и на тој начин да се придонесе кон поголема застапеност на лицата со попреченост во медиумите.

Анализта е изработена од Институтот за медиуми и различности (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), како дел од проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што е финансиран од Европската Унија.

Аудио верзијата од извештајот е достапна во продолжение:

 pdficon  pdficon
MK  AL