11 Октомври 42-а, 1000 Скопје
  • Унапредување на граѓанските, политичките, социјалните, економските и културните права на лицата со инвалидност, како што е дефинирано во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, другите меѓународните конвенции на ОН, регулативата и договорите на Европската унија, Уставот на Република Северна Македонија, легислативата и стратешките рамки кои ги регулираат правата на лицата со инвалидност во Република Северна Македонија;
  • Координација на интересите на лицата со инвалидност во Република Македонија, земајќи ги предвид карактеристиките на одделните видови на инвалидност и самостојноста на секоја национална инвалидска организација
  • Застапување на заедничките и индивидуалните интереси на лицата со инвалидност во граѓанскиот дијалог помеѓу националните инвалидски организации на лицата со инвалидност и Владата на Република Северна Македонија, јавни институции, професионални здруженија, граѓански сектор и други чинители
  • Застапување на интересите на лицата со инвалидност од Република Северна Македонија во Европскиот форум за попреченост (ЕДФ), и други меѓународни институции и асоцијации
  • Промовирање на принципот “Ништо за лицата со инвалидност, без лицата со инвалидност”
Претставник на НСИОМ е член на владиното Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, што претставува добра можност за директна соработка и претставување на приоритетните заложби пред релевантните министерства.