11 Октомври 42-а, 1000 Скопје
Од страна на Национален сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија (со скратен назив: НСГНРСМ) беше организирана и реализирана активност “Избор на најдобар готвач за 2023 година“ каде што учество имаа повеќето претставници-членови на Здруженија на глуви и наглуви лица (со скратен назив: ЗГН). Подготвените специјалитети (солени и благи јадења) беа навистина одлични како на изглед, така и по вкус. Благодариме до сите учесници и им упатуваме честитки до најдобрите, а тоа се:
1. Прво место, ЗГН Прилеп,
2. Второ место, ЗГН Битола и
3. Трето место, ЗГН Скопје.