Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија согласно програмата за работа на ден: 06.04.2024 година (сабота) организираше Манифестација “Вешта жена“ која што се одржа во Хотел Далјан во Охрид. На Манифестацијата беа присутни повеќе учесници, претставници од повеќето Здруженија на глуви и наглуви кои се во рамки на Сојузот. Исто така, учесници беа и претставници од следните држави: Црна Гора, Албанија и Чешка. На Манифестацијата за најдобрите вешти жени беа доделени награди, и тоа:
На Национално ниво:
1. место, Здружение на глуви и наглуви – Карпош од Скопје
2. место, Здружение на глуви и наглуви Кичево и
3. место, Здружение на глуви и наглуви на град Скопје.
На Регионално ниво:
1. место, Сојуз на глуви и наглуви од Црна Гора
2. место,Сојуз на глуви и наглуви од Албанија
3. место, Сојуз на глуви и наглуви од Република Северна Македонија.