11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

CIV

Националниот Сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија е доброволна општествено – хуманитарна организација. Таа има широк општествен карактер. Зачленувајќи ги цивилните инвалиди од војната и со заедничко дејствување, работи за нивно активно вклучување во сите сфери на општествената дејност, унапредување на заштитата, организирање на културно – забави и спортско – рекреативни активности. Во почетокот на самоорганизирањето на активностите главно беа насочени кон разрешување на напластените социјално – економски проблеми и организационото зацврстување на Сојузот. Тој стана чинител и толкувач на прашањата од социјално – хуманитарната сфера. Во 40 годишниот период се создадоа можности да се ангажираат поголем број членови кои го интензивираа општествениот живот во организацијата. Карактерот, целите и задачите на Сојузот јасно се дефинирани во Статутот. Националниот Сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија е организиран врз територијален принцип. На територијата на Република Макеоднија се формирани 15 основни организации и тоа: една градска организација на подрачјето на град Скопје, 4 меѓуопштински и 10 општински организации. Со ваквата организациона поставеност сите цивилни инвалиди од војната активно се вклучени во работата на Сојузот.

Во насока на организационата изградба на Сојузот, Статутот повеќепати е дополнуван и менуван, се’ со цел да се изнајдатнајадекватни форми во спроведувањето и реализирањето на неговите цели и задачи. Со Статутот донесен на Второто Собрание, Здружението на цивилни жртви од војната прерасна во Сојуз на цивилни инвалиди од војната. Исто така редовно сме ги менувале Статутот кога тоа го барале позитивните законски прописи особено Законот за здруженија на граѓани и фондации. Последните измени во Статутот се усвоени на одржаното Собрание на Сојузот во 2011 година кога е усогласен со новиот Закон за здруженија на граѓани и фондации и Законот за инвалидски организации. Со овие измени, а согласно споменатиот Закон, нашиот Сојуз се стекна со својство на Национална инвалидска организација. Со ова ние имаме посебен статус во републиката и таа превзема обврски да обезбеди пооптимални услови за работа на оваа организација – пред се’ се мисли на обезбедување на трајни сигурни средства за финансирање.

Цели на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ се:

  • почитување на човековите права на цивилните инвалиди од војната;
  • вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот;
  • недискриминација на цивилните инвалиди од војната;
  • поттикнување на цивилните инвалиди од војната да се потпираат на сопствените сили и способности;
  • автономност на цивилните инвалиди од војната како корисници на услуги;
  • економска, социјална, здравствена и правна заштита на цивилните инвалиди од војната
  • социјална правда и социјална сигурност на цивилните инвалиди од војната
  • да ги открива, евидентира и вклучува во НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ цивилните инвалиди од војната
  • да пружа помош на цивилните инвалиди од војната и нивните семејства во остварување на законските права на социјална, економска, здраствена и друга заштита;
  • да дејствува и работи на планот на унапредување и усовршување на системот на рехабилитација, образование, вработување и заштита на цивилните инвалиди од војната
  • создавање услови за сместување и згрижување на цивилните инвалиди од војната кои немаат услови за сместување и живеење во семејството;
  • отстранување на урбанистичките, архитектонски и сообраќајни бариери заради непречено движење и пристап на цивилните инвалиди од војната во јавниот сообраќај, јавни објекти, станбен и други објекти;
  • организирање одмор, закрепнување и рекреација на цивилните инвалиди од војната
  • организирање културно забавни активности и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на цивилните инвалиди од војната
  • вршење информативна и издавачка дејност во врска со целите и задчите;
  • превентивно делување на спречување на настанување на разни видови инвалидност;
  • соработување, зачленување или поврзување со други организации во земјата;
  • НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ се здружува но Националниот совет на инвалидски организации на Македонија.
  • соработување, зачленување или поврзување со меѓународни организации;
  • обезбедување на просторни, материјални, кадровски и финансиски услови на работа на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ и здруженијата;
  • други цели утврдени со програмата за работа.

ДЕЈНОСТИ СО КОИ СЕ ОСТВАРУВААТ ЦЕЛИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ СЕ:

  • прибирање податоци за здрствената, социјална, економска, образовна, лична, семејна и друга положба на секој член, систематизирање, проучување и статистичко истражување и анализирање на тие податоци заради стекнување поединечна и општа слика за положбата на цивилните инвалиди од војната и утврдување на мерките што треба да се преземат заради подобрување на таа положба во сите свери на животот;
  • запознавање на надлежните органи со утврдените резултати за положбата на цивилните инвалиди од војната и укажување на мерките што треба да се преземат за подобрување на таа положба;
  • иницирање, предлагање и укажување на надлежните органи со потребните измени и дополнување на законите и другите прописи со кои се уредува положбата на цивилните инвалиди од војната;
  • организирање семинари, советувања, конференции, разговори, за прашања од интерес на цивилните инвалиди од војната;
  • изработка на елаборати, предлози на прописи, студии, изработка и спроведување на проекти;
  • иницирање пред надлежните органи изградба, опремување и функционирање на домови за сместување и згрижување на цивилните инвалиди од војната
  • организирање и спроведување на одмор и закрепнување на членовите и со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ;
  • обезбедување простор за работа на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ и здруженијата, опремување на просторот со потребни средства, обезбедување потребен кадар и други финансиски и материјални услови за работа;
  • непосредна помош на членовите со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ при набавка на ортопетски помагала, санитетски справи, лекови и користење на други видови здраствени услуги;
  • непосредна помош со средства на НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ на членовите кои западнале во крајно тешка материјална состојба;
  • организирање сопствено културно уметничко друштво и создавање услови за негова работа, помош на членовите во сите видови на културно уметничко творештво, организирање културно уметнички манифестации;
  • обезбедување на реквизити, терени и други услови за спортување и организирање спортски манифестации;
  • обезбедување постојана комуникација со надлежните државни органи, социјалните, здраствени, просветни, културни, спортски и други организации и институции;
  • соработка со други сродни организации во земјата и со меѓународни организации и учество во разни манифестации, конгреси, семинари, советувања и друго во земјата и странство;
  • членство во домашни и меѓународни асоцијации;
  • прибирање и дистрибуција на хуманитарна помош за членовите;
  • анимирање на пошироката јавност перку медиумите, преку плакати и други соодветни начини со проблемите на лицата со инвалидност и создавање свест за можностите и потребата од нивно разрешување;
  • сите други погодни облици и начини на дејстување.
е-пошта: d.dojcinoski1@gmail.com
тел.: +389 2 3296 961
www.civ.mk