Националниот совет на инвалидските организации на Македонија е најголемата репрезентативна асоцијација на лица со инвалидност во Република Северна Македонија, основана со здружување на националните инвалидски организации со цел заеднички да делуваат за унапредување на правата и остварување на интересите на сите лица со инвалидност во државата.
Членки на НСИОМ се:
- Национален сојуз на слепи на Република Северна Македонија
- Национален сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија
- Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија
- Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - Порака
- Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија
- Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија
- Национален сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија