Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е граѓанска, родителска, национална инвалидска и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Република Северна Македонија.
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА има остварено статус на Национална инвалидска организација (согласно Законот за инвалидски организации), и е впишана во Регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјална заштита, кој се води при Министерството за труд и социјална политика.
РЦПЛИП – ПОРАКА е оформена во 1963 година, а во моментот обединува 17 локални организации во земјата.
Главни цели
- Обезбедување законски можности за овозможување на еднакво учество и вклучување на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество
- Развивање на социјални сервисни служби во местото на живеење, согласно принципите за изедначување на можностите на лицата со интелектуална попреченост
- Остварување и унапредување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост
- Вклучување на лицата со интелектуална попреченост во секој аспект од животот
- Изедначување на можностите за лицата со интелектуална попреченост како еднакви граѓани во заедницата
- Обезбедување на поддршка – соодветни сервисни служби и поддршка за лицата и семејствата со член со интелектуална попреченост во заедницата
- Почитување на самоопределувањето, донесување на одлуки од страна на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства
- Превенција од институционализација
- Подобрување на условите за живот во постоечките институции
- Деинституционализација на лица со интелектуална попреченост и нивно опфаќање во социјални сервисни служби во заедницата
- Подигнување на јавната свест.
- Иницијативи за подобрување на законските можности и политиките за лицата со интелектуална попреченост на национално ниво
- Координација и стручно-методолошка помош на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА
- Воспоставување на мрежа од социјални сервисни служби во заедницата:
- Ресурсен центар (сервисна служба за советување и информирање)
- Социјални клубови и советувалишта во сите локални организации
- Дневни центри за адолесценти и возрасни со интелектуална попреченост
- Иницијативи за оформување на сервисни служби за самостојно живеење за лица со интелектуална попреченост
- Комуникација и размена на искуства на европско и меѓународно ниво.
- НСИОМ – Национален совет на инвалидски организации на Македонија
- Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост
- “Inclusion Europe” – Европска асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
- “Inclusion International” – Интернационална асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
- “EASPD” – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост.