11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

Sojuz na gluvi i nagluvi

Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија е невладина и национална инвалидска организација чија главна цел е еднаквиот статус и правата на глувите и наглувите лица во Македонија.

Приоритет на активностите се да се создадат услови за целосна интеграција на глувите и наглувите лица во секојдневниот живот и работна средина и нивната активна социјална и општествена вклученост.
Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија ги преставува сите организации на глувите и наглувите опфаќајќи ги скоро сите глуви и наглуви граѓани на Македонија. Активностите на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија се насочени кон:
  • Откривање, решавање и намалување на проблемите на глувите со кои се соочуваат
  • Обезбедување секаква можна помош за сите членови (советување, правни совети, помош при вработување, толкувачка услуга и др.) и охрабрување, поддршка и помош на глувите лица во нивните иницијативи со цел тие да се интегрираат во општеството.
  • Подигнување и афирмација на интелектуалните, спортските, културните и социјалните постигнување на глувите и наглувите лица
  • Помош и зајакнување на образованието и стручната рехабилитација на глувите и наглувите, обезбедување подршка за високо образование на глувите лица
  • Проучување, развивање, истражување, подигање на повисоко ниво и афирмирање на македонскиот знаковен јазик кој е законски признат
  • Подигнување на свеста за културата на глувите и знаковниот јазик за да се избегнат предрасудите и дискриминацијата на глувите и наглувите лица
  • Претставување на интересите на глувите и наглувите лица пред државните, јавните и приватните институции и соработка со националните и меѓународните институции за подобрување на нивниот статус

Основачко СобраниеПрвите активности кога се здружувале глувите лица во Македонија се регистрирани во 1941-43 година во Скопје кога се здружиле група глуви лица, кои  пак се поврзале со слични организации на глуви во Југославија. Но овие активности не продолжиле поради Втората светска војна. По војната нема регистрирано некакви активности се до 1947 година во Скопје кога група глуви лица и лица кои слушаат-опортунисти и професионалци се решиле да ги подготват сите неопходни услови за креирање на национална организација на глувите лица во Македонија.

 Во 28 март 1948 година во Скопје се одржа Основачко Собрание на сите глуви лица во Македонија и се основа Сојузот на глуви и наглуви на Македонија. На почетокот приоритет на Сојузот беше да иницира, основа и направи мрежа на локални организации на глуви лица на целата територија на Македонија, кое до 1960 година имаше 17 ограноци на организации на глуви лица.

Основачко СобраниеИсто така приоритет беше да се иницира и поддржи основање на специјални училишта и Центри за рехабилитација на глувите деца во Македоннија. Сојузот беше иницијатор за основање на државни заштитини работилници каде се вработуваа глувите лица. Од аспект на социјално подобрување на глувите Сојузот иницираше и креираше многу спортски клубови, уметнички клубови, клубови за планинарење, фолклорни клубови и друго. Во внатрешната организациона структура се создаде и Комисија за знаковен јазик чија цел беше афирмација на знаковниот јазик.

Основачко СобраниеВо периодот по 1991година кога Македонија беше во тразиционен период на независностСојузот на глуви и наглуви на Македонија имаше потешки задачи за ги преживее сите промени и текови. И покрај потешкотиите  во 1994 година Сојузот на глуви и наглуви на Македонија е редовен член на СФГ и во 1997година член на ЦИСС. Во 2000 година го издаде Македонскиот речник на знаковен јазик.

Како Национален Сојуз на глуви и наглуви на Македонија учествувашена многу меѓународни настани како што се Олимиските игри на глувите во Данска и Италија, Конгреси на СФГ во Бризбен, Австралија; Монтреал ,Канада; Мадрид, Шпанија и други меѓународни настани. Во 1998 година Сојузот на глуви и наглуви на Македонија беше домаќин на ЦЕРС состанокот во Охрид, Македонија.

Се досега Сојузот на глуви и наглуви на Македонијае горд да продолжи со активностие со повисоки приоритети како што е законското признавање на културата на глувите и знаковниот јазик, лингвистичко истражување и надградување на знаковниот јазик, подобрување на толкувачките услуги, високото образование на глувите и др.

е-пошта: nsgnrm@gmail.com
тел.: +389 2 3228 106
www.deafmkd.org.mk