Националниот Сојуз на инвалиди на трудот на РМ е основан во 1954 година, а во него членуваат повеќе од 40.000 инвалиди на трудот, преку 24 Здруженија на инвалиди на трудот. Инвалиди на трудот се лица кои здравјето го загубиле за време на работниот век и се стекнале со општа или професионална неспособност за работа.
Националниот Сојуз на инвалиди на трудот на РМ е инвалидска организација и национална инвалидска организација согласно Законот за инвалидски организации, редовна членка е на Националниот Совет на инвалидски организации на Македонија.
Целите и задачите на Националниот Сојуз на инвалиди на трудот на РМ се оформени според потребите на инвалидите на трудот а се остваруваат преку реализација на својата Акциона програма и Програмата за работа, првенствено: учество при оформувањето на националната политика која се однесува на инвалидската заштита и во мерките за обезбедување на еднакви можности и еднакви права на инвалидите на трудот, почитување на човековите права на инвалидите на трудот, вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот на инвалидите на трудот, недискриминација на инвалидите на трудот, поттикнување на инвалидите на трудот да се потпрат на сопствените сили и способности, автономност на инвалидите на трудот како корисници на услуги, економска, социјална, здравствена и правна заштита на инвалидите на трудот и социјална правда и социјална сигурност, на поединечните и посебните интереси на секој свој член и на Здруженијата на инвалиди на трудот во целина.
Целите и задачите на организацијата се остваруваат преку реализација на својата Акциона програма и Програмата за работа, првенствено:
- учествува при оформувањето на националната политика која се однесува на инвалидската заштита и во мерките за обезбедување на еднакви можности и еднакви права на инвалидите на трудот
- почитување на човековите права на инвалидите на трудот
- вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот на инвалидите на трудот
- недискриминација на инвалидите на трудот
- поттикнување на инвалидите на трудот да се потпрат на сопствените сили и способности
- автономност на инвалидите на трудот како корисници на услуги
- економска, социјална, здравствена и правна заштита на инвалидите на трудот
- социјална правда и социјална сигурност, на поединечните и посебните интереси на секој свој член и на Здруженијата на инвалиди на трудот во целина.
Во рамките на својата активност, организацијата ги извршува следните задачи:
- ги утврдува интересите, и ги застапува потребите на инвалидите на трудот на секое подрачје кое се однесува на животот на инвалидите на трудот, придонесуваат за создавање свест во јавноста и влијаат врз промените во полза на инвалидите на трудот
- планираат, организираат, и изведуваат проекти кои им овозможуваат на инвалидите на трудот поактивно учество и помагаат во отстранувањето на попреченоста и поголема независност во животот (оспособување за активен живот и работа, превоз, снабдување со технички помагала, лична помош, нега, физичка помош, клубови на инвалиди на трудот, клубови за деца на инвалиди на трудот, програма за болни и изнемоштени инвалиди на трудот, толкување и подржување, програми за чување на здравјето како на инвалидите така и на нивните семејства и други рехабилитациони проекти, информативна, издавачка, културна, рекреативна, спортска активност и др.)
- учествува во спречувањето и отстранувањето на бариерите во физичката и социјалната средина
- организира и спроведува активност за запознавање на инвалидите на трудот од областа на заштитата на здравјето, медицинска и социјална рехабилитација, воспитување, образование, оспособување, вработување, социјална заштита, култура, спорт и рекреација
- спречува и ублажува социјални и психички последици од инвалидноста
- ги оспособува инвалидите на трудот за самопомош и нивните блиски и други лица за живот и работа со инвалиди на трудот
- ги развива социјалните вештини на инвалидите на трудот и нивната информираност за различни подрачја на животот
- поттикнува активности на соодветни органи и организации за што поуспешно решавање на проблемите на инвалидите на трудот
- учествува во изготвување на државни мерки и предлага прифаќање на прописи и мерки на подрачјето на инвалидската заштита
- ги претставува, заштитува и почитува правата и интересите на инвалидите на трудот на државно ниво
- обезбедува подршка и создава можност за развој на самопомош и добротворност
- се поврзува со други инвалидски организации во земјата и во странство
- ја координира и насочува работата на Здруженијата на инвалиди на трудот во Општините на подрачјето на Република Македонија.
тел.: +389 2 3166 362