11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

На 02.11.2024 година, во хотелот "Вила Парк" во Струмица, се одржа јубилејното 25-то издание на традиционалната манифестација "Тортијада", во организација на Мобилност Струмица а под покровителство на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија.

На манифестацијата учествуваа 9 екипи од здружените членки: Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Кочани, Радовиш, Велес, Гевгелија и домаќинот Струмица.

Првото место за најдобро подготвена торта го освои Здружението Мобилност Гевгелија, второто место Мобилност Кочани а третото место го освои екипата на Мобилност Велес.

Манифестацијата ја отвори претседателот на Советот на општина Струмица, а водител на настанот беше Ѓорѓи Калајџиев.

Средства за одржување на манифестацијата беа обезбедени преку Министерство за труд и социјална политика.