На 27-28.04.2024 година, во хотелот Конгресен Центар во Охрид, во организација на Мобилност Македонија и соорганизација од Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, се одржа 36. Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
Учествуваа 22 шахисти од здружените членки на сојузот.
Се играше Швајцарски систем 7 кола, со темпо 30 минути по играч. Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков.
Првото место на првенството го освои Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со 5,5 поени (Бухолц 31,0), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени (Бухолц 29,0) и третото Зекирија Изети од Тетово со 5,5 поени (Бухолц 28,0).
Натпреварот финансиски беше подржан од средствата за реализација на програмските активности на сојузот за 2024 година, трансферирани преку Министерството за труд и социјална политика.