Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија доделува награда “3-ти Декември”, на истакнати поединци, организации и институции кои имаат заслуга за подобрувањето на правата на лицата со инвалидност во РСМ. Кандидати може да номинираат: поединци, организации и институции во РСМ. Номинацијата мора да содржи податоци за номинираното лице, организација или институции, како и куса содржина на преземените активности и заслугите за подобрување на правата на лицата со инвалидност. Непотполни номинации нема да се земаат во предвид.
Конкурсот трае заклучно со 21.11.2022 година.
Претседател на НСИОМ
Чедомир Трајковски