11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

Националниот Совет на инвалидските организации на Северна Македонија (НСИОСМ) доделува награда “3-ти Декември” на истакнати поединци, организации и институции кои имаат заслуга за подобрување на правата на лицата со инвалидност во Република Северна Македонија. Кандидати може да номинираат: поединци, организации и институции во Република Северна Македонија. Номинацијата мора да содржи податоци за номинираното лице, организација или институции, како и куса содржина на преземените активности и заслуги за подобрување на правата на лицата со инвалидност. Непотполни номинации нема да се земаат во предвид.

Конкурсот трае заклучно со 27.11.2023 година.

 

Претседател на НСИОСМ

Никола Николовски