11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

На 20-ти јули НССРСМ во Кавадарци го организира првиот локален настан во рамки на проектот „Раскажување приказни надвор од видот“ (Storytelling Beyond Sight), којшто е финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+.
На овој локален настан група млади членови на сојузот и младински работници низ играње друштвени игри го практикуваа методот на раскажување приказни преку преземање улоги со цел зголемување на социјалната инклузија на младите лица со оштетен вид. Низ главната приказна овој пат како мајстор за игри (game master) не водеше Блаже Зафиров, додека останатите учесници ја користеа џенгата со цел да проверат каков ќе биде исходот на акцијата што одлучуваа да се случи.

Настанот заврши по неколку часа игра во пријатна атмосфера и со задоволство кај сите учесници. На самиот негов крај секретарот Глигорчо Самарџиски на учесниците им подели 20-страни коцки, донација од „Гоблин гејмс“ и го најави наредниот ваков настан што би се оддржал кон крајот на август или септември во Скопје за кој ќе има конкретна најава на социјалните мрежи на НССРСМ,. Затоа следете ги нашите профили на платформите Инстаграм и Фејсбук и придружете ни се на играње друштвени игри на наредниот локален настан во рамки на овој проект. Ве очекуваме!