Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција
ИЗВЕШТАЈ
Национален семинар „Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост”
24 февруари 2017 | Скопје
Повеќе од 80 претставници на организации на лица со попреченост, владини институции, обезбедувачи на сервисни служби и други чинители, вклучувајќи го Министерот за труд и социјална политика, Народниот Правобранител, високи претставници на Делегацијата на Европска унија во Македонија, на УНИЦЕФ и на Европскиот форум за попреченост, на 24 февруари 2017 година во Скопје, учествуваа на Национаниот Семинар „Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост“. Националниот семинар беше огранизиран од Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) во соработка со Европскиот форум за попреченост (ЕДФ) и УНИЦЕФ, во рамките на „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ финансиран од ЕУ и ко-финансиран и имплементиран од УНИЦЕФ.
Целта на семинарот, како воведен настан во проектот беше да иницира дискусија помеѓи различни чинители во однос на потребата за сеопфатна и флексибилна поддршка за децата со попреченост за да учествуваат во општеството на еднаква основа со другите деца. Иако е направен значителен прогрес на ниво на регулаторната рамка, децата со попреченост се уште се соочуваат со значителни тешкотии во пристапот кон достапни и квалитетни сервисни служби. Исто така, насилството е секојдневна реалност за стотитци деца во Македонија и во земјите во Југо–источна Европа. Затоа, семинарот имаше за цел да ги истакне позициите, напорите и ставовите на различни чинители за подобрување на оваа состојба, во согласност со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.
Семинарот опфати 5 главни сесии. Воведната сесија започна со поздравно обраќање од Претседателот на НСИОМ и продолжи со обраќања од Министерот за труд и социјална политика, членот на Извршниот комитет на ЕДФ, Заменик претставникот на УНИЦЕФ, Раководителот на операции во Делегацијата на ЕУ и Народниот Правобранител. Изјавите од овие високи претставници дадоа информации за проектот и силна заложба за заеднички напори со цел да се овозможат вистински промени во секојдневниот живот на децата и лицата со попреченост.
Сесијата „Да ги слушаме децата: Директни сведоштва на деца со попреченост“ беше успешен обид да се реализира во практика добропознатото мото „Ништо за нас, без нас“. Јасна порака беше испратена од страна на децата со попреченост: основните потреби на децата треба соодветно да бидат поддржани и и да бидат вреднувани без предрасуди, со цел да ги исполнат своите животни соништа. Многу конкретна поддршка е потребна во образовниот процес: толкувачи на знаковен јазик за глуви и пристапни формати за слепи ученици.
Следните сесии, преку презентации на темите „Разбирање на Конвенцијата на ОН за правата на децата со попреченост“ и „Кон целосна имплементација на Конвенцијата – искуства од земји членки на ЕУ“ ја потенцираа потребата од итна акција за целосна имплементација на Конвеницјата на ОН за правата на лицата со попреченост. Основно е да се покаже сериозна посветеност од сите релевантни страни. Неопходна е заедничка работа во постигнувањето на одржливи промени во законодавството и политиките. Националните власти и организациите на лица со попреченост треба проактивно да бараат поддршка од меѓународната заедница, како во однос на имплементацијата на Конвенцијата, така и во однос на употребата на достапните европски фондови за подобрување на состојбите во кои живеат децата и лицата со попреченост. Исто така, организациите на лицата со попреченост треба заеднички да работат на градење на нивните капацитети за да бидат активни партнери во овие процеси.
Сесиите „Сервисни служби за поддршка на деца со попреченост во Македонија“ и „Образование за деца со попреченост во Македонија“ се фокусираа на тековниот развој и приоритетите во некои од најзначајните области на животот. Законодавството во однос на пристапноста, сервисните служби за поддршка, социјалната заштита, здравствената заштита, образованието итн., треба да бидат ревидирани и изменети во согласност со одредбите на Конвенцијата. Потребно е да се воспостави ефективен процес за креирање политики, каде сите чинители ќе имаа можност да ги изнесат своите гледишта.
ЗАКЛУЧОЦИ
Генерални заклучоци
- Потребна е итна заложба од сите засегнати страни, предводени од одговорните државни инситутци, за неодложна имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост
- Креирање на стратегија со акционен план во однос на импликациите и буџетските зафаќања кои ќе ги предизвика имплементацијата на Конвенцијата (етапно, дел по дел, област по област)
- Потребен е коодиниран исчекор за обезбедување на мултисектроски пристап при имплементацијата на Конвенцијата и остварувањето на правата на децата и лицата со попреченост
- Потребни се независни механизми за следење на состојбите во однос на остварувањето на правата на децата и лицата со попреченост, како и унапредување на системите за заштита на правата на децата со попреченост
- Ефективно користење на поддршката од Европската унија и меѓународините организации/агениции кои делуваат на полето на попреченоста во Република Македонија
- Организациите на лицата со попреченост, согласно Конвенцијата и мотото „Ништо за нас, без нас“, треба да се вклучени во сите процеси на планирање, имплементација, мониторинг и евалуација на законите, политиките и програмите со кои се уредуваат и остваруваат правата на децата и лицата со попреченост
Основни приоритети за унапредување на правата на децата со попреченост
- Пристапноста и достапноста треба да бидат соодветно обезбедени и гарантирани, согласно законските можности, односно потребно е надминување на архитектонските и останатите бариери кои оневозможуваат пристап до услуги и пристап до информации. Потребно е да се идентификуваат и отстранат пречките и бариерите кои ја лимитираат пристапноста во зградите, патиштата, транспортот, во внатрешни и надворешни објекти вклучително училишта, станбени објекти, медицински објекти и работни места, информации, комуникации и други услуги, вклучително електронски услуги, служби и сервиси за случај на вонредни состојби и тн. Потребна е доследна имплементација на Законот за знаковен јазик, потребни се информации и материјали во формати достапни за слепи деца, особено во воспитно – образовниот процес.
- Потребно е понатамошно развивање на мрежата на сервисни служби за поддршка на децата и лицата со попреченост, на локално ниво, во заедниците каде што живееат (сервиси за рана интервенција, рехабилитација и третман, развојни советувалишта и советодавни служби, сервиси за поддршка во текот на денот и дневни центри, лична асистенција, асистенција во образовен процес, сервисни служби за самостојно живеење итн.)
- Неопходно е обезбедување на можности за образование за сите деца со попреченост, без оглед на видот и степенот на попреченост. Реформскиот процес на инклузија на децата со попреченост во редовниот образовен процес треба да биде приоритет и треба да биде планиран врз основа на позитивните практики на поразвиените земјите – членки на Европската унија, во согласност со ресусите и состојбите во државата.
- Потребно е државата да обезбеди соодветна социјална заштита за децата со попреченост и нивните семејства, преку реформирање на системот на парични надоместоци во држвата. Нагласена е потребата за изедначување на поддршката на биолошките семејства на деца со попреченост со поддршката и надоместоците кои ги добиваат згрижувачките семејства.
Медиумско покривање
- https://www.facebook.com/unicef.mk/posts/1461556163889713
- http://www.webohrid.com/2017/02/24/nacionalen-seminar-decat-lica-so-poprecenost/
- http://24vesti.mk/vo-kakvi-uslovi-zhiveat-i-rabotat-licata-so-poprechenost
- http://lider.mk/2017/02/24/integracija-a-ne-diskriminacija-na-decata-so-poprecenost/
- http://vecer.mk/makedonija/integracija-a-ne-diskriminacija-na-decata-so-poprechenost
- http://puls24.mk/mk/vesti/ibrahimi-unapreduvanje-zastita-celosno-i-ednakvo-uzivanje-na-decata-so-poprecenost
- http://mama365.mk/%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5/
- http://kurir.mk/makedonija/vesti/ibrahimi-integratsija-a-ne-diskriminatsija-na-detsata-so-poprechenost/
- http://sitel.com.mk/integracija-ne-diskriminacija-na-decata-so-poprechenost