11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

cover2Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации што ги застапуваат лицата со попреченост во земјава.

Целта на повикот е да се поттикнат граѓанските организации поинтензивно да креираат и да спроведуваат активности што ќе влијаат на подигање на јавната свест и на видливоста на лицата со попреченост.

 

Специфични цели на повикот се:

- да се зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации што ги застапуваат лицата со попреченост за комуникација со медиумите;

- да им се дадат поголеми можности на граѓанските организации што ги застапуваат лицата со попреченост да влијаат врз јавната перцепција;

- да се подобри видливоста и медиумското присуство на темите поврзани со правата на лицата со попреченост;

- да се подигне граѓанската свест за вистинските проблеми на лицата со попреченост и да се придонесе кон позитивна перцепција на правата и социјалната инклузија на оваа категорија граѓани.

Типовите активности со коишто граѓанските организации може да аплицираат се однесуваат на:

- креирање кампањи за застапување и подигање на свеста;

- продуцирање медиумски содржини што можат да придонесат кон подигање на јавната свест и видливоста на лицата со попреченост, како и на нивните интереси и проблеми;

- консултации, тркалезни маси и состаноци со засегнатите страни на локално ниво;

- олеснување на дијалогот за креирање политики (пр. со политичките партии, локалните власти, експертската заедница, медиумите итн.).

Вкупниот буџет изнесува 32,000 евра, при што ќе бидат доделени најмногу 16 гранта по 2,000 евра. Времетраењето на активностите треба да биде максимум 8 месеци.

За сите граѓански организации коишто ќе бидат избрани на повикот, ќе се организираат еднодневни обуки за правилата и процедурите за спроведување ЕУ грантови. Обуките ќе опфатат теми како: менаџирање проекти, правила за видливост, финансиско известување итн.

Дополнително, на избраните граѓански организации ќе им биде понудена менторска поддршка со цел да им се помогне при спроведувањето на креативните медиумски кампањи за подигање на јавната свест.

Ги покануваме сите заинтересирани организации да ги пополнат формуларите за аплицирање (во прилог).

Крајниот рок за пријавување е 21 септември 2018 (петок) до 17 часот.

Пријавите може да се достават по е-маил: mim@mim.org.mk или на адреса: Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје.

 Формулар за аплицирање:wordDL

 Буџет:

EXCELDWNL

dis