Од 06-08.12 2023 година, во посета на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија беше претставничката на ИПЦ, Ивана Костадиновиќ, координатор од Одделот за развојни програми при ИПЦ.
За време на посетата и остварената инспекција со мошне обемна агенда, Ивана одржа повеќе состаноци со претседателот и генералниот секретар на ПКСМ, на кои беше разгледан нашиот Статут, неговата комплементарност со Статутот на ИПЦ, потоа начинот на избор на органите и телата, мандатот на истите, служба со која располагаме и ангажирани лица во ПКСМ, стратешки план, цели и мисија на комитетот, начинот и стабилноста на финансирањето, маркетинг и комуникации и дали имаме посебна служба за тоа, начин на лобирање, спонзори, и многу други теми.
За време на инспекцијата беа иатакнати добрите страни на комитетот, но беше укажано и на недостатоците, а беа дадени и соодветни препораки за подобрување на состојбата, кои треба да ги имплементираме во следниот период.
Ивана Костадиновиќ одржа издвоен состанок со неколку искусни спортисти на кој присуствуваа Ванчо Каранфилов, Александар Јовановски, Рубинчо Ристески и Тајна Ристеска.
Исто така, во рамките на посетата, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, организираше работна средба во просториите на агенцијата со претставниците на ИПЦ и ПКСМ, на која се дискутираше за законската легислатива, разбирањето за потребата од спорт за лицата со инвалидност, пристапноста на спортските објекти, поддршката и финансирањето на спортот на лицата со инвалидност и други теми за развој и поддршка на спортот за овие лица.