На 27.08.2025 година со почеток во 12:00, се одржа заеднички работен состанок на претставниците на инвалидските организации и здруженија со неколку агенции на ОН, на која присустваше и г-ѓа Рита Колумбија, постојан координатор на тимот на ОН во државата.
Од Мобилност Македонија на состанокот присуствуваа претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, и членот Горан Спасов, обучувач за спроведување на избори од ДИК, кои зедоа активно учество во дискусијата поврзана со остварувањето на избирачкото право на луцата со инвалидност, пристапноста на гласачките места и кои се главните предизвици со кои се среќаваат лицата со инвалидност во изборниот процес, кои се нивните потреби и приоритети, како и кои активности се планираат да се преземат за подобрување на состојбата и како ОН може најдобро да помогне.
За време на двочасовната работна средба се разви мошне конструктивна дискусија, на која заради лимитираното време на траење не можеа да се отворат сите прашања, па учесниците на состанокот се договорија за одржување на следна стедба во блиска иднина.

Заклучоци од работната средба:
1. Собирање податоци
-
Националните организации на лица со попреченост (ОЛП) да соберат податоци за бројот на рампи, толкувачи на знаковен јазик и други потреби за пристапност и да ги споделат со Групата на ОН за инклузија
-
Да се контактираат и други национални ОЛП за да се добијат што е можно покомплетни податоци
-
Краен рок да се достават: 15 септември 2025
2. Писмо за застапување и средби
-
Постојаната координаторка на ОН да испрати формално писмо до Владата со конкретни податоци и барања врз основа на информациите од ОЛП
-
Средби со Премиерот и владини претставници за застапување за правата на лицата со попреченост и буџетска поддршка за обезбедување поголема пристапност
3. Механизам за комуникација
-
Да се одлучи дали да формира Советодавен одбор или да продолжи со неформални консултации
-
Да се презентира предлогот пред Тимот на ОН за одобрување
-
Да се вклучат претставници од ОЛП, агенции на ОН и Владата