Долгогодишната соработка на РЦПЛИП – ПОРАКА со Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на УКИМ во Скопје продолжува успешно да се реализира и во изминатиот период.
Започнувајќи од март 2024 година, два студенти на прва година на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет – Скопје, секој петок во период од три месеци обавуваат стручна пракса во дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје (Аеродром) и се директно вклучени во работните активности, со цел стекнување на знаења и искуства за работа со лица со интелектуална попреченост како идни социјални работници. Стручната пракса за студентите од прва година заврши на крајот на мај 2024 година.
Исто така, група студенти на трета година на Институтот за социјална работа и социјална политика, во мај 2024 година продолжија со реализација на практична настава во двата дневни центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје, во рамките на предметот „Социјална работа со лица со попреченост“. Студентите беа вклучени во директни активности со корисниците во дневните центри, со цел да се запознаат со функцијата на дневните центри како важни социјални сервиси и улогата на социјалните работници во спроведувањето на програмските активности во овие сервисни служби. Практичната настава за студентите од трета година заврши на крајот на мај 2024 година.