11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

Националeн совет на инвалидски организации на Македонија

Националниот совет на инвалидските организации на Македонија е најголемата репрезентативна асоцијација на лица со инвалидност во Република Северна Македонија, основана со здружување на националните инвалидски организации со цел заеднички да делуваат за унапредување на правата и остварување на интересите на сите лица со инвалидност во државата.

Повеќе

hero image

civilni invalidi

telesno invalidizirani

sport i rekreacija

nssrm

gluvi i nagluvi

PORAKA

invalidi na trudot

За Европскиот форум за попреченост

edf 2014 1024x288

Европскиот форум за попреченост (ЕДФ) е чадор организација на лицата со попреченост во Европа, која ги обединува репрезентативните организации на лица со попреченост. ЕДФ ги брани интересите на повеќе од 100 милиони лица со попреченост во Европа, под мотото „Ништо за нас – без нас“. ЕДФ се залага за Европа во која сите лица со попреченост се целосно вклучени во општеството, согласно Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.

Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, како најголема мрежа и репрезентативна организација на лицата со попреченост е член на ЕДФ. Поради статусот на нашата држава во Европската унија, НСИОМ се уште не е полноправен член во ЕДФ, туку има статус на член – набљудувач.

Кон EDF

Активности

Цели и задачи на НСИОМ

  • Унапредување на граѓанските, политичките, социјалните, економските и културните права на лицата со инвалидност, како што е дефинирано во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, другите меѓународните конвенции на ОН, регулативата и договорите на Европската унија, Уставот на Република Северна Македонија, легислативата и стратешките рамки кои ги регулираат правата на лицата со инвалидност во Република Северна Македонија;
  • Координација на интересите на лицата со инвалидност во Република Македонија, земајќи ги предвид карактеристиките на одделните видови на инвалидност и самостојноста на секоја национална инвалидска организација
  • Застапување на заедничките и индивидуалните интереси на лицата со инвалидност во граѓанскиот дијалог помеѓу националните инвалидски организации на лицата со инвалидност и Владата на Република Северна Македонија, јавни институции, професионални здруженија, граѓански сектор и други чинители
  • Застапување на интересите на лицата со инвалидност од Република Северна Македонија во Европскиот форум за попреченост (ЕДФ), и други меѓународни институции и асоцијации
  • Промовирање на принципот “Ништо за лицата со инвалидност, без лицата со инвалидност”

Повеќе